Најдобрите 20 ученици од основно и средно образование од општина Дебрца,  денес, добија општински стипендии за учебната 2015/2016 година.Стипендиите им ги додели градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски кој им посака успешна учебна година и понатамошен успех.

Стипендиите кои контунуирано веќе по трет пат се доделуваат се рангирани според износот  во две категории, за учениците од основно образование 1000 денари и за учениците од средно образование 1500 денари месечно.

OhridNews