На пригоден начин утрово во Големата сала на Општина Охрид, им беа врачени мандатите на новите членови на градскиот совет.
На свеченоста на која присуствуваше новиот градоначалник, Кирил Пецаков, од вкупно 23 членови на советот присутни беа 21.
Советот на Општина Охрид во наредните четири години ќе го сочинуваат: ВМРО ДПМНЕ (10), СДСМ (8), ДУИ (2), Левица (1), Охрид пред се (1), Охрид има план Б (1). Новиот совет ќе биде конституиран неделава, кога ќе биде официјализирано советничкото мнозинство и ќе биде избран претседавач.
Подоцна денеска ќе се изврши официлано примопредавање на градоначалничката функција.
Н.С.Ј./Г.М.