Традиционално, во рамки на одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление- Водици, градоначалникот Никола Бакрачески во куќата на Уранија, вечерва свечено ја додели Светската награда за хуманизам на годинешниот  добитник, познатиот академски сликар  Светлин Русев од Бугарија.

Во присуство на Претседателот на МАНУ, Владо Камбовски, градоначалникот на Велико Трново, Даниел Панев, претставници на бугарското министерство за култура, локалната самоуправа, Здружението „Богојавление“, како и голем број професори и охридски културни дејци, градоначалникот Бакрачески истакна дека овој настан претставува продолжување на сесловенската традиција.

На еден ден пред Богојавление-Водици, во време кога сум избран за кум на овој голем христијански празник, голем за охриѓани и верниците од православна вероисповест, ми причинува особена чест што сум избран да ја доделам оваа престижна награда на академикот Светлин Русев. Без сомнение од она што можевме од излагањето да го чуеме, се работи за уметник од светски ранг, а јас сум среќен што Охрид претставува седиште на охридската академија за хуманизам, односно еден вид продолжување на традицијата на светите „Кирил и Методиј“, и секако на светите „Климент и Наум“, како основоположници на првиот сесловенски универзитети и првата школа за хуманизам на овие простори.“ – истакна Бакрачески.

Амабасадорот Јован Плевнеш, потенцира дека овој настан би можел да биде означен како балканска, духовна, фиктурална и хумана револуција на овие простори.

Бидејќи во светиклиментовата средновековна школа за хуманизам, влегуваат вашите слики академик Русев, и духовоното единство помеѓу Македонија и Бугарија влегуваат во европските и светските трезори. Свети Климент ве прима во своите прегратки и ја одбележува новата епоха на Охрид, на почетокот од третиот милениум. Нека слушне сета меѓународна уметничка јавност, сликарот Светлин Русев е прогласен за светската награда за хуманизам. Нека зрачи вашето од од фиктурана, духовна и хумана револуција на Балканот.“ – потенцира Плевнеш.

Инаку, академскиот сликар Светлин Русев е познати по тоа што на својот роден град, Плевен, му подарил колекција од 1000 слики на познати бугарски сликари од современото и класичното бугарско сликарство.

О.Т.

Водици 2014 во живо на OhridNews во цел свет