Повелба за најубаво украсен град во акцијата на Тв А1 и весникот „Шпиц“, синоќа му беше врачена на градот Охрид. Наградата на градоначалникот на Охрид Александар Петрески му ја врачи главниот и одговорен уредник на весникот „Шпиц“, Бранко Геровски.

Прекрасниот изглед на Плоштадот „Свети Климент Охридски“, чаршијата, главните сообраќајници и улиците кои водат кон периферијата на градот, придонесоа Охрид по убавиот и празнично уреден изглед и амбиент да отскокне пред сите други градови во Републиката па и од македонската метропола, Скопје, истакна на свеченоста, дописникот на А1 од Охрид, Нина Кепеска. Чинот на врачувањето на наградата беше проследен со пригодна музичка програма.


Охрид прогласен за најубаво украсен град

ohridnews
фото:Дигитал фото Мики