Англиските општини Конви и Денбигшир вработиле три лица кои во баровите треба да глумат пијаници и да проверуваат дали угостителите точат алкохол според прописите. Професионалните пијаници работат три викенди месечно и пред вработените во баровите глумат дека се пијани. Во описот на работното место пишувало и дека лицата мораат да носат гнасна и смрдена облека, да се тетерават и да паѓаат.


Исто така,мораат додека нарачуваат пијалоци мораат на конобарите да им нагласат дека веќе се пијани. Според последните извештаи, на многу пијани лица во баровите им се служеле уште пијалоци, што е спротивно на законите во Велика Британија.