Градските власти во главниот град на Венецуела, Каракас, одлучиле против сообраќајните гужви во престолнината да се борат на малку необичен начин. Имено, тие одлучиле да вработат 120 пантомимичари кои ќе го регулираат сообраќајот.
Градските власти соопштиле дека повеќето возачи немаат никаква почит кон сообраќајните правила и дека нешто морало да се стори по тоа прашање. Така, пантомимичарите во тишина ќе го регулираат сообраќајот, а властите се надеваат дека возачите на нив ќе реагираат подобро отколку на сообраќајните полицајци.