На вработените во основните и средни училишта во Охрид, денес, им е исплатена ноемвриската плата.

И покрај испратеното писмено барање и остварени телефонски контакти со министерството за финансии, писмена информација околу вистинската причина поради која доцнеше исплатата и на ноемврската плата, не добивме.

Од министерството за образование до кое од страна на локалната самоуправа секој месец се испраќаат извршените пресметки за плати, а кои потоа се препраќаат до министерството за финансии, изјавија дека уште на 10-ти декември пресметките ги добиле и препратиле до министерството за финансии. Која е причината што 11 дена се чекало за да се одобрат и исплатат средствата, не е познато.

Минатиот месец доцнеше и исплатата на октомвриските плати. Како што тогаш беше кажано од локалната самоуправа, доцнењето настанало поради недоразбирање со Министерството за образование предизвикано од различно толкување на законските прописи од оваа област. Недоразбирање кое се надминало.

Т.К.

Каде „заглави“ ноемвриската плата на вработените во охридските училишта?