Поради крајно лошата финансиска состојба и нерешениот статус на 400 новинари,радиотехничари и други вработени во јавните локални медиуми, Здружението на 29 -те јавни локални медиуми во кое членува и Радио Охрид донесе одлука утре – вторник – 25 септември во 11 часот да се организира протест пред Владата на Република Македонија.
  
Вработените во јавните локални медиуми бараат да им се исплатат заостанатите финансиски средства за  9 месеци  , да се забрза трансформацијата која доцни повеќе од 4 месеци и да не се дозволи ликвидација на ниту еден јавен локален медиум.

Утрешниот протест пред Владата е поддржан од сите вработени во Радио Охрид. Нашиот протест не е против политиката на Владата ниту во корист на некој друг. Протестот е обид да се заштити нашиот професионален однос во име на оние кои го создавале Радио Охрид и кои сега трпеливо го бараат патот за своја егизистенција и сопствено опстојување но и се грижат за иднината на радиото, се вели во соопштението за јавност што до медиумите денеска го испратија колегите од Радио Охрид.

ohridnews