Дел од вработените во МЈП „Проаква“ денеска одржаа протестен собир пред управната зграда во Охрид.

Тие го изразија своето незадоволство поради тоа што веќе 4 месеци не примиле личен доход. На оваа тема претставници на синдикатот денеска разговараа со членови на раководството.

Незадоволните работници очекуваат од раководството да изнајде  решение за надминување на финансиската криза и да им бидат исплатени заостанатите плати. Тие тврдат дека денешниот собир не бил штрајк, туку израз на незадоволство, за што овластените синдикални претствници го информирале раководството на меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква“.

Ohridnews