Надминати се недоразбирањата помеѓу локалната самоуправа и надлежните министерства поради кои доцнеше исплатата на плати за вработените во 12 училишта во градот.

Како што информираат од општината денеска е исплатена платата за месец октомври, која беше блокирана поради проблемот со утврдување на основата за пресметка на платите на дванаесет училишни секретари, на кои со одлука на градскиот совет од пролетта платите им се премсетуваат според законот за државни службеници, a не според колективниот договор за образование, како што е случај со останатите вработени во просветата.

По надминувањето на недоразбирањето со Министерството за образование, денеска е исплатена октомвриската плата за вработените во дванаесетте основни и средни училишта на територијата на Општина Охрид. Причина за доцнењето на платите на просветните работници, беше различното толкување на законските прописи од оваа област.

Општина Охрид

OhridNews