Исплатата на платите за вработените во образованието ќе почне од денеска соопшти Министерството за образование по средбата со пртетствниците на Синдикатот на образованието СОНК.

Вработените во образованието во општините кои влегоа во втората фаза од децентрализацијата  ќе  да бидат исплатени најдоцна до понеделник, а во останатите општини до 15 ноември, најави министсреството.

Во заедничкото соопштение на Министерството за образование и Синдикатот на образованието СОНК, се наведува дека исплата на септемвриската плата доцнела поради „неопходните измени на неколку закони, како и ребалансот на буџетот“.

ohridnews