На вработените во јавното претпријатие „Охридски комуналец“ вчера доцна попладне им беше поделена заостанатата плата за јануари. Ова се случи откако во претпријатието пристигна очекуваната одлука на второстепениот суд во Битола, според која ја жиро-сметката од Комуналец месечно ќе легнуваат по 7,9 милиони денари  неопходни за нормално работење.

Директорот на претпријатието, Боро Павлоски вчера изјави дека вработените не се под никаков политички притисок, туку се револтирани што не си ги добиле парите за сработеното.

Комуналец не можеше да им ги исплати заостанатите плати на вработените за јануари зашто основниот суд во Охрид му определи месечен лимит на сметката од 2 милиони денари, што, според раководството, не е доволно ниту за набавка на гориво за механизацијата.

Со 7,9 милиони денари, сметаат оттаму, дека  ќе се овозможи нормано функционирање на претпријатието, обезбедување плата за вработените, а остатокот средства ќе им се сервисираат на доверителите за кои постојат судски извршни решенија.

Ohridnews