Во ЈОУДГ ,, Јасна Ристеска“ се одржа обука на тема Проценка и документирање на развојните постигнувања кај децата од предучилишна возраст.

Цели на работилницата беа проширување на знаењата за значењето на проценката на развојните постигања кај децата, стекнување на вештини за примена на разни форми на документирање.

Дел од обуката беше и проширување на знаењата за значењето на документирањето во процесот на еваулација на развојните постигнувања кај децата, збогатување на искуството како проценка и документирањето да се применуваат во секојдневната практика во работата до децата.

OhridNews