Британскиот јавен телевизиски сервис BBC им забранил на своите вработени да јадат банани на работа откако една колешка ги предупредила шефовите дека овошјето може да ја убие. Постерите кои биле поставени во фирмата и на кои се наоѓа прецртана фотографија од банана, директно им кажувале на вработените да не јадат банани во близина на колешката.
Портпаролката на телевизијата рекла дека постерите се залепени на посебни места и ги предупредувале вработените на солидарност кон нивната колешка која имала медицински проблеми кога се во прашање бананите. Бананта предизвикувала два видови алергиски реакции, првата била реакција на поленот од дрвото и оние кои се алергични почнувале да се чешаат и им отекувале усните, додека втората била многу поопасна, а тоа е анафилактички шок, однсоно отекувале дишните патишта и се попречувало дишењето.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com