Еден кинески работодавач редовно на вработените во фирмата им давал да пишуваат домашни задачи за својата ќерка која имала 12 години, јавиле кинеските медиуми, наведувајќи го случајот како пример за мобинг на работното место. Еден од вработените изјавил дека шефот постојано им наредувал да ги пишуваат задачите, тврдејќи дека тоа е можност „малку да вежбаат“. Споменатиот директор, чие име и компанија не се наведени, ги терал вработените по завршувањето на работното време да решаваат математички задачи и да прават модели од техничко образование.
Случајот бил откриен кога на една задача, која и била зададена на ќерката на директорот за новогодишниот распуст, ангажирал дури девет работници кои морале да цртаат, лепат фотографии, снимат видео прилог и да напишат состав. Иако вработените се обидувале да сторат се задачата да изгледа како да ја направило дете, наставниците ја откриле измамата.