Вработените во јавните локални радиостаници, меѓу кои и од Радио Охрид, денеска ќе протестираат пред владата во Скопје.

Тие бараат на сите вработени во јавните локални радиодифузни претпријатија  да им бидат исплатени платите за изминатите девет месеци, да не се кочи процесот на трансформација на претпријатијата и да не се ликвидираат радијата кои немале можност да ја платат проценката на капиталот.

Нашиот протест не е против политиката на Владата ниту во корист на некој друг. Протестот е обид да се заштити нашиот професионален однос во име на оние кои го создавале Радио Охрид и кои сега трпеливо го бараат патот за своја егизистенција и сопствено опстојување но и се грижат за иднината на радиото, велат колегите од Радио Охрид.

Г.М.