Ниту еден од вработените во Специјалната детска болница  во Охрид , која поради нерентабилно  работење до крајот на оваа година ќе биде затворена, нема да остане  на улица , изјави денска во Охрид заменик министерот за здраство,  Владимир Лазаревик.

Многу подобро е на овој атрактивен простор  да биде изграден објект што ќе отвори нови работни места, отколку да има болница која работи со загуба, рече Лазаревик. Тој најави дека Владата конечната  одлука ќе ја донесе   во договор  со локалната самоуправа и вработените во болницата.


наскоро ќе биде затворена-спец. детска болница Охрид

Според најавите на местото на специјалната детска болница која располага со над 10.000 метри квадратни атрактивен простор на брегот на Охридското Езеро во населбата Св. Стефан,  најверојатно ќе се гради луксузен хотел, а постои заинтересираност и за изградба на клиника за рехабилитација.

Болницата според најавите ќе се трансформира, а дејноста ќе се интегрира  во склоп на  Специјалната болница за ортопедија и трауматологија “Св. Еразмо“ , додека 67-те вработени од Специјалната детска болница ќе бидат распределени во здравствените установи во Охрид и Струга.

Лазаревиќ денеска во х. Инекс ја  отвори школата  за здравствен  менаџмент, а оствари и сердби со раководството на Општата болница и Здравствениот дом, при што станало збор и за актуелните случувања и долговите на овие здравствени институции.

Г.М.