ЕВН Македонија преку програмата „ЕВН Волонтира“ и годинава продолжува да ги поддржи своите вработени при реализација на волонтерски активности за доброто на заедниците. Група волонтери на ЕВН денешните работни часови ги посветија на реализација на волонтерска акција во државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ – Скопје, каде што ги инсталираа потребните ЛЕД светилки низ просториите на објектот.
Со новото осветлување на училиштето, ќе им се олесни движењето и ориентацијата на учениците и ќе им се подобрат условите за учење и завршување на нивните домашни задачи и останати обврски. Инсталацијата на ЛЕД светилките воедно ќе придонесе во штедењето на електричната енергија на државното училиште „Димитар Влахов“, што е една од главните стратешки цели на институциите во Македонија за време на енергетската криза, велат од ЕВН.
„ЕВН Волонтира“ започна летото во 2017 година. До сега се реализирани 54 волонтерски акции со над 600 учесници.
Програмата е уникатна по тоа што овозможува системско решавање на волонтерството во компанијата, од обмислување до реализација на идеите. Вработените имаат можност да реализираат волонтерска акција во текот на работното време во било која локација во државата, додаваат во соопштението.
OhridNews