Министерството за здравство не сооптшува што ќе прави со атрактивниот простор на специјалната детска болница која поради нерентабилност се затвори.
„Јас можам да кажам само за вработените од оваа здравствена организација, а што ќе се случува натаму со овој комплекс немам информации зошто тоа не е во моја надлежност“, ни изјави државниот секретар во Минсиетсртвото за здравство Киро Салвани.
сеуште не се знае што ќе биде со атрактивниот простор
„ Вработените од детстаката болница се преземени од другите јавни здравствени организации од Охрид, најголемиот дел од нив од Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“, додаде Салвани
Тој потсети дека специјалната детска болница повеќе од 10 години работела со загуби и заради тоа нејзиното работење не било оправдано. Пациентите се згрижени во болницата „Св. Еразмо“ каде има комплетно опремено одделение за детска парализа кое беше недоволно искористено, рече Салвани.
Што се однесува до просторот тој не знаеше што конкретно ќе се прави со него. Знам дека тој ќе се дава, а дали ќе биде објавен оглас, тендер или на кој начин тоа ќе се спроведе незнам зошто тоа не е во моја надлежност, рече Салвани.