Петнаесет полициски и други службеници од Секторот за внатрешни работи Охрид и Граничната полиција, денеска, даруваа крв во рамките на акцијата што претпладнево се одржа во службените простории на СВР Охрид.

– Оваа активност е во рамки на традиционалната соработка што СВР Охрид ја има со Републичкот завод за трансфузиологија и Црвениот крст од Охрид. Според предвидената динамика, предвидени се најмалку три вакви акции за дарување на драгоцената течност и собирање на крвни единици, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.  

Со тоа и припадниците на полицијата даваат активен придонес во промоција на крводарителството како хумана  човечка вредност што живот значи, како и форма за поголемо приближување на СВР Охрид кон граѓаните.

OhridNews