Пар кој бил на годишен одмор бара оштета од туристичката агенција откако нивниот 14 годишен син затекнал двајца вработени во хотелот како водат љубов на неговиот кревет.


Рики Дерен рекол дека синот на неговата девојка се шокирал кога видел дека работник на одржување на хотелот и собарка водат љубов на неговиот кревет во хотелот Royal Park во Еленит во Бугарија.

Од туристичката агенција рекле дека таквото однесување е неприфатливо и по инцидентот ги отпуштилe љубовџиите поради недолично однесување.