Одделот за Организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против две лица, вработени во Министерството за одбрана, АРМ на Република Македонија, Л.С.(37) и К.Р.(48) двајцата од Скопје, и поранешни началници на Г-4 при Генералштаб, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Пријавените во периодот од декември 2005 до ноември 2007 година,  ја злоупотребиле  службената положба и постапиле спротивно на Законот за јавни набавки, при тоа нанесувајќи штета на Министерствто за одбрана, односно Буџетот на Република Македонија за износ од 8.985.015,00 денари, овозожувајќи му на ТДПТУ „Наутика“ ДОО Охрид противправно да прибави значителна имотна корист за гореспоменатиот износ.

Од страна на ТДПТУ „Наутика“ ДОО Охрид, била доставена понуда за сервисирање, поправка, ремонт и одржување на пловните објекти на Министерството за одбрана, врз основа на која бил потпишан договор со истото друштво. Овој договор е рамковен договор за сервисирање, поправка, ремонт и одржување на пловните објекти на Министерството за одбрана, а не се однесува за пренамена на пловни објекти од воена во цивилна верзија и истиот е склучен врз основа на решение за сервисирање, поправка, ремонт и одржување на пловните објекти, како и одлука за избор на добавувач. Пријавените истиот договор и одлуката за избор на добавувач, ги употребиле и за пренамена на патролниот чамец ПЧ 303 од воена во цивилна верзија. За таа цел, требало да биде спроведена постапка за јавна набавка, посебно од договорот со кој било предвидено сервисирање, поправка, ремонт и одржување и на други пловни објекти на Министерството за одбрана, бидејќи тој договор не се однесувал за пренамена на патролниот чамец ПЧ 303, соопшти МВР.

Ohridnews