СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д. Д.(34) од Охрид, за сторено кривично дело “послужување во службата“. 

Пријавената, во периодот од мај до јули оваа година, во својство на фактурист во ЈЗУ Општа болница Охрид, средствата во висина од 222.530 денари, наплатени за дадени здравствени услуги на пациенти, не ги евидентирала и внела во благајната, туку противправно ги присвоила, соопшти полицијата.

Ohridnews