МВР поднесе кривична пријава за затајување против А.Т. – Т.(25) од Скопје, поради постоење на основано сомнение дека во својство на раководител на подружница на ДИС ОН НЕТ ДОО Скопје- ТЦ БИСЕР лоцирана на бул.”Јане Сандански” бр.82 Скопје, во периодот од 25.02.2009 до 02.04.2009 извршила затајување на доверени парични средства од дневниот промет во висина од 2.330.594,00 ден. Заедно со кривичната пријава и доказниот материјал осомничената е предадена на истражен судија, кој како мерка на обезбедување, ја одзел нејзината патна исправа и дал наредба редовно да се јавува во судот.

Имено, осомничената како раководител средствата од дневниот промет на подружницата со која раководела и со кои истата била задолжена, наместо да ги предава на овластени лица од Тутунска банка АД Скопје со аманентна пратка, ги задржувала за себе, при што на овластените лица од Тутунска банка АД Скопје кои доаѓале за превземање на дневниот промет им давала образложение дека продажното место за претходниот ден нема остварен дневен промет, но тие се посомневале дека прометот не се предава и  побарале извештај од финансиските служби во ДИС ОН НЕТ ДОО Скопје. Тогаш осомничената, на 02.04.2009, откако фалсификувала страници од книгата за аманентни пратки, искористувајќи регуларни страни од книгата од деновите кога го предавала прометот (ги копирала, а потоа на истите додавала нови дати и така изготвени ги скенирала како документи) во форма на извештај ги испратила по електронска пошта на своите претпоставени давајки на таков начин оправдание дека наводно средствата од дневниот промет уредно ги предавала на одговорните лица во Тутунска банка АД Скопје. На тој начин, пријавената за периодот од 25.02.2009 до 02.04.2009 за себе присвоила средства од дневен промет на подружницата во вкупен износ од 2.330.594,00 ден .

Откако била пријавена во МВР, вработената на Он нет на 02.04.2009 ја напуштила Р. Македонија на ГП Блаце кон Косово, но била приведена при обид за повторен влез во државава. Против неа покрај писмени докази обезбеден бил и видео доказен материјал од сигурносните камери. Во разговор со полициските службеници осомничената кажала дека противпрвно одземените средтсва ги предавала на сопругот кој имал финансиски проблеми.

Ohridnews