Американската полиција уапсила жена која наводно на шефот му ставила средство за смирување во кафето бидејќи почувствувала дека треба да се смири. Неименуваната 24 годишна жена на детективите им признала дека го дрогирала шефот, ветеринарот Џон Дукет. Тој почувствувал дека нешто не е во ред откако ќе го испиел утринското кафе.
Девојката работела во клиниката за животни „Reynolds Road“, а сега се наоѓа во притвор бидејќи нема пари да ја плати кауцијата што ја одредил судијата.