СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.П.(48) од Охрид, вработен како возач и дистрибутер во АД „Жито Леб“-Охрид за сторени кривични дела „фалсификување или уништување на деловни книги“ и „измама“.

Во периодот од јануари 2008 до мај 2009 година, пријавениот при секојдневна дистрибуција на леб и печива во продавницата „Тим Маркет“ ДООЕЛ С.Д.А-Охрид, испораката на производите ја запишувал на обично ливче, по што изготвувал испратници во кои внесувал поголема количина на испорачани производи. По ова со лажно прикажување ги довел во заблуда вработените во „Тим Маркет“ да му исплатат  поголем износ за стоката, оштетувајќи ја фирмата за 363.570 денари. 

извор: МВР