На полициски службеник во полициска станица при СВР Охрид, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните два месеци поради тоа што не го известил претпоставениот старешина дека ќе користи боледување, соопшти МВР.

Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди, во текот на изминатата недела покренал дисциплинска постапка, против 14 вработени во МВР поради непочитување на работните обврски.

извор: МВР

Ohridnews