Американецот Леонард Ромберг (68), кој сеуште работи во првиот отворен Мек Доналдс во Мисури го наградиле за педесеттата годишнина од служба. “Работникот на векот“ започнал да работи во популарниот ресторан за брза храна во предградието Ст.Луис во далечната 1959 година, односно една година по отварањето.
Сеуште работи пет дена неделно. Сопствениците на ресторанот, Патрик и Том Хилмајер му заблагодариле на верноста со торта и подароци.