За името на маскотата на универзијадата да биде Срба денес одлучија 10 илјади волонтери кои избираа помеѓу трите имиња кои влегоа во суперфиналето. Името Срба доби 49,34 проценти од гласовите, Цврле 41,64, додека Џивџан 9 проценти.
Во потесниот избор влегле 10 најчесто споменувани имиња, а потоа се гласало пет дена. Гласале 50 илјади посетители на интернет, кои ги избраа суперфиналистите.
Универзијадата ќе се одржи од први до 12 април во Белград.