Еден врабец е одговорен за огромната штета во една продавница во која предизвикал пожар со цигари. Продавницата во Англија се изгубила во пожарот пред шест недели. Во текот на истрагата стручњаците за осигурување пронашле 36 пикавци на покривот на продавницата. Се укажува на тоа дека пикавците додека сеуште гореле на покривот ги носел врабец и ги пуштал во олуците, што било причина за пожарот.


Претставникот на осигурителната компанија рекол дека пожар предизвикан на ваков начин никогаш не е забележан. Сите се чудат како толку мала птица може да предизвика толку голема штета.