Селекторот на Словенија, Љубомир Врањеш очекува тежок натпревар со македонската репрезентација на стартот на Европското ракометно првенство.

Во последната година напредуваа. Со нетрпение го очекуваме натпреварот, знаеме дека ќе биде тежок, Македонците се силни во одбраната, имаат добар голман, а во нападот го имаат Кирил Лазаров, еден од најопасните и најстарите играчи на ЕП. Знаеме и некои нивни слабости, изјави Врањеш.

Миха Зарабец подетално се осврна на македонскиот нашиот национален тим.

Тие сигурно ја променија играта во транзицијата, трчаат многу повеќе, побрзи се, но сепак имаат проблем што мораат да менуваат доста играчи од одбрана во напад и обратно. Мораме да оствариме предност од тоа со нашиот ритам. Но, од друга страна, дефинитивно имаме квалитет што треба да го докажеме. Навистина мораме да дадеме се од себе и добро да го отвориме првенството, изјави Зарабец.

Почетокот на натпреварот е вечер во 18 часот. Покрај овие две селекции, во групата која ќе се игра во Дебрецин, Унгарија се и репрезентациите на Црна Гора и на Данска.

 

OhridNews