Враќањето на човекот на Месечината во рамки на американската програма „Артемис“ е поместено од 2024 година за најрано во 2025 година, изјави вчера директорот на НАСА, Бил Нелсон. Американската Национална воздушно-вселенска администрација чекаше решавање на правниот спор околу развојот на системот за слетување на Месечината, за да објави нова временска рамка.

Изгубивме седум месеци поради спорот и, најмногу затоа, го одложивме првото слетување на луѓе најрано до 2025 година, но, и поради други причини. Крајниот рок за 2024 година беше поставен од администрацијата на Доналд Трамп, но тој беше „технички неостварлив“, посочи Нелсон.

Тој, исто така, критикуваше и за малкуте парични средства што Конгресот ги одвои последниве години за развој на систем за слетување на Месечината.
Нелсон го навести и можниот датум на поаѓање на мисијата „Артемис 2“, којашто е прва во програмата, но тоа нема да биде „мај 2024 година“, како што беше првично најавено.

Оваа втора мисија, ќе оди најдалеку колку што човекот некогаш отишол  до 65.000 километри зад Месечината, а потоа ќе се врати на Земјата, рече Бил Нелсон.

„Артемида 1“, првата пробна мисија на Месечината без астронаути, е најавена за февруари 2022 година, според планираното.

 

OhridNews