Наскоро во Македонија ќе бидат отворени најмалку 5 центри за обрзование на возрасни и доживотно учење, во кои невработените лица ќе можат да се прекфалификуваат со цел побрзо да најдат работа. Ова беше најавено на семинарот за промоција на концептот за образование на возрасните, што во организација на Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Македонија и британска амбасада се одржа вчера во Охрид.
Не е исклучено еден од образовните центри за возрасни да биде отворен во Охрид, но конечната одлука колку такви центри ќе бидат отворени и во кои места ќе се разгледува дополнително.
се подготвува нов концепт на образование за возрасни
Концептот на образование на возрасните е проект кој преку прекфалификација треба да придонесе за намалување на невработеноста во Македонија. Во земјава над 30% од работоспособното население е невработено, а голем дел од него има образование кое не е барано на пазарот на труд.
ohridnews