Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 61-годишен жител на Охрид.

При преглед извршен во неговиот дом минатата година, полициските службеници пронајдоа и одзедоа опојна дрога хероин и марихуана, прашкаста материја мешавина од кофеин и парацетамол како и други предмети со остатоци од хероин. – информира СВР Охрид.

OhridNews