Вчера во 12.30 часот, пред деловен објект на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид, нарушен бил јавниот ред и мир со физички напад извршен од 77-охриѓанец врз 41-годишен сограѓанин, информира СВР Охрид.

Против напаѓачот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

Исто така вчера, во 19.40 часот, на улицата „Партизанска“ во Охрид, 28-годишен охриѓанец го нарушил јавниот ред и мир со недолично и агресивно однесување кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

Тој е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава. – соопшти полицијата.

Вчера од 10 до 15 часот, на подрачјето на СВР Охрид извршена е акциска контрола на мотоциклистите како учесници во сообраќајот. Притоа, полициските службеници санкционирале 47 мотоциклисти.

Во пресрет на летната туристичка сезона, СВР Охрид ќе ги интензивира сообраќајните контроли со цел подигнување на сообраќајната безбедност и намалување на сообраќајните незгоди на патиштата. –  се вели во соопштението.

OhridNews