Во средината на март на состанокот во Москва ќе се одреди распоредот и термините на одигрување на натпреварите во Б групата од квалификациите за Европското фудбалско првенство во 2012 година, во Полска и Украина.


Првиот термин 18 февруари беше откажан поради зафатеноста на претставниците на Р. Ирска. Од слични причини, УЕФА го пролонгира и рокот за пријавување на распоредите на натпреварите во сите девет квалификациски групи, закажан за 9 март.


Македонија се наоѓа во Б групата, а наши противници се репрезентациите на Русија, Словачка, Р. Ирска, Ерменија и Андора.

ohridnews