Пеколен август ќе ја очекува македонската кошаркарска репрезентација на патот до ЕП 2011 година во Шведска. Осумте натпревари од квалификациите ќе се одиграат во период од 27 дена.
Распоред на натпреварите на Македонија во квалификациите за ЕП 2011 Литванија:
02.08.10 Украина – Македонија
05.08.10 Македонија – Унгарија
08.08.10 В. Британија – Македонија
14.08.10 Македонија – БиХ
17.08.10 Македонија – Украина
20.08.10 Унгарија – Македонија
29.08.10 Бих – Македонија
Што се однесува до историјата на дуелите со противниците на Македонија, со сите противници од групата имаме позитивен скор во официјални натпревари.
Два дуела сме одиграле со Унгарија, во квалификациите за ЕП 1999 и на двата постигнавме победа. Првиот натпревар на 28 Февруари 1998 во Печуј (49-68), вториот на 27 Февруари 1999 во Куманово (64-58). Украина е селекција со која имаме по една победа и еден пораз, кош разликата е убедливо на страна на Македонија. Двата меча ги одигравме во рамките на групата Д од квалификациите за ЕП 2001, на 26 Февруари 2000 победивме во Скопје 84-58, а една година подоцна, на 27 Јануари 2001 во Киев загубивме со 95-86. Тој натпревар беше директен дуел за пласман ан ЕП во Турција, а нашата селекција ја предводеше токму сегашниот селектор Марин Докузовски кој има шанса за реванш над Украинците по речиси цела деценија.
Босна и Херцеговина е селекција со која доста често се среќаваме во квалификациите. Првиот дуел датира од 24 Ноември 2001 во Скопје, во квалификациите за ЕП 2003, победивме со 101-92. Бих ни се реваншираше за овој пораз со победа во Тузла (23.11.02), 93-79. Со БиХ се сретнавме и во квалификациите за ЕП 2007 во Шпанија. Повторно бевме подобри на домашен терен во Скопје, на 6 Септември 2006, кога славевме со 81-77, а во Сараево (16.09.06) загубивме со 75-72, што наместо директен пласман на завршницата на ЕП во Шпанија за нас значеше дополнителни квалификации. И во нив повторно се сретнавме со БиХ, на завршниот турнир на Менорка (29.08.07) и тогаш победивме со 73-63, во единствениот официјален дуел на неутрален терен помеѓу овие две селекции.
Со Велика Британија како единствена екипа (претходно во квалификациите посебно учествуваа Англија, Велс, Шкотска и С. Ирска) досега сме одиграле само еден натпревар и тоа минатото лето во Анкара. Во рамките на Ефес Куп турнирот, во подготовките за ЕП во Полска, на 28 Август 2009 победивме со 78-67.
Ракометарите на Охрид по кратката пауза за Новогодишните и Божиќните празници синоќа ги започнаа подготовките за вториот дел од сезоната во кој ГРК Охрид ќе ги доигра првенствените дуели и дуелите ...
Општина Охрид објави јавен повик за распределување на буџетски средства од програмата за спорт и рекреација Градоначалникот на Општина Охрид го распишува овој јавен повик за расоредување на буџетск...
Распишан Конкурсот за доделување награди и признанија во изборот на најуспешни спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Охрид за 2024 година Наградите и признанијата за најуспешните спорт...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.