Охридските кошаркари, денеска, го добија првиот ривал и распоредот за новата сезона во Првата кошаркарка лига. „Галебите“ во првата рунда на домашен терен силите ќе ги одмерат со Работнички кој е актуелен шампион на Македонија.

Прв гостински тест за „галебите“ ќе биде средбта со Кожув во Гевгелија, а втор ривал на домашен терен ќе биде составот на Куманово. Во четвртата рунда охриѓани се слободни, а потоа го пречекуваат МЗТ Скопје. Во шестата рунда ќе се сретнат со Фени Индустри во Кавадарци, а во седмата во Охрид ќе се судрат со Блокотехна. Во последните четири рунди гостуваат кај тимовите на Шкупи и Гостивар, а дома ги пречекуваат Вардар и Пелистер.

Распоред на АВ Охрид:

1.коло: АВ Охрид – Работнички

2.коло: Кожув – АВ Охрид

3.коло: АВ Охрид – Куманово

4.коло: АВ Охрид слободен

5.коло: АВ Охрид – МЗТ Скопје

6.коло: Фени Индустри – АВ Охрид

7.коло: АВ Охрид – Блокотехна

8.коло: Шкупи – АВ Охрид

9.коло: АВ Охрид – Вардар

10.коло: Гостивар – АВ Охрид

11.коло АВ Охрид – Пелистер

OhridNews