Во просториите на Ракометната федерација на Македонија со ждребка беше одреден „возниот“ ред на натпреварите во плејофот и плејаутот во Супер лигата.
Охридските ракометари мечевите ќе ги продолжат во плејаут лигата, заедно со Металург 2, Пелистер, Работнички, Преспа и Текстилец.
Распоред :
1-рунда (4/5 април) : Металург 2 – Пелистер, Текстилец – Преспа, Работнички – Охрид
2-рунда (8/9 април) : Пелистер – Охрид, Преспа – Работнички, Металург 2 – Текстилец
3-рунда (11/12 април) : Текстилец – Пелистер, Работнички – Металург 2, Охрид – Преспа
4-рунда (25/26 април : Пелистер – Преспа, Металург 2 – Охрид, Текстилец – Работнички
5-рунда (9/10 мај) : Работнички – Пелистер, Охрид – Текстилец, Преспа – Металург 2
По завршување на овие пет ќе се одиграат уште пет натпревари, а домаќини ќе бидат екипите кои биле гости во првите мечеви.
Распоред плејоф лига :
1-рунда (4/5 април) : Зомимак – Тинекс Пролет, Вардар – Прилеп, Металург – Радовиш
2-рунда (8/9 април) : Тинекс Пролет – Радовиш, Прилеп – Металург, Зомимак – Вардар
3-рунда (11/12 април) : Вардар – Тинекс Пролет, Металург – Зомимак, Радовиш – Прилеп
4-рунда (25/26 април) : Тинекс Пролет – Прилеп, Зомимак – Радовиш, Вардар – Металург
5-рунда (9/10 мај) : Металург – Тинекс Пролет, Радовиш – Вардар, Прилеп – Зомимак
Паузата измеѓу третата и четвртата рунда во двете лиги ќе биде искористена за одигрување на натпреварите во Купот на Македонија.
Мх.П.