Соборениот либиски претседател Моамер Гадафи е убиен вчера во родниот град Сирт од страна на бунтовниците, со што  и официјално заврши 42 годишната ера на владеење на полковникот.

Внимание: Вознемирувачко видео

Гадафи се криел во дупка. Бил ранет во нозете, но жив. Според изјави на очевидци што ги пренесоа светските медиуми, бунтовниците се изживувале врз ранетиот Гадафи, по што тој бил застрелан во стомакот, а уште два куршуми завршиле во неговата глава, што говори дека тој бил егзекутиран. Потврда на тоа е и снимката на која наводно е прикажан Гадафи жив заробен.

Внимание: Вознемирувачко видео

Претставници на преодниот национален совет на Либија соопштија дека од безбедноснио причини телото на убиениот Гадафи било пренесено во Мисрата. Подоцна беше објавено дека во завршната битка за Сирт бил убиен и  синот на Моамер ел-Гадафи, Муатасем.

Смртта на Гадафи најверојатно значи крај на граѓанската војна во 6-милионската Либија, во која активна улога имаше и НАТО. Токму поради отворената воена поддршка што НАТО им ја пружи на бунтовничките сили Гадафи тврдеше дека целта на револуцијата што започна со протести на незадоволство предводени од опозицијата, не се промени во општеството, туку битка за природните богатства и нафтените полиња на богатата африканска држава, чија вредност се проценува на околу 77 милијарди евра.

Веста за смртта на Моамер Гадафи го обиколи светот, а лидерите на највлијателните држави изразија надеж дека состојбата во Либија ќе се стабилизира, а разурнатата од војна земја ќе се демократизира и ќе отпочне нова ера.

OhridNews