Според информациите кои ги пренесуваат руските медиуми, денес, автомобил „фолксваген поло“ удрил во група минувачи на булевар во Москва, при што едно лице загинало, а деветмина се повредени.

Според првичните информации, возачот на автомобилот, по кавга во кафеана, намерно го насочил возилото кон минувачите. Неофицијално, неколку мажи се расправале во кафеана што се наоѓа на московскиот булевар, по што едниот од нив влегол во автомобилот и влетал со автомобилот во минувачите.

OhridNews