На 20.09.2020 околу 01.15 часот на автопат кај Северна обиколница на Скопје, помеѓу клучка Стајковци и клучка Арачиново, патничко возило „форд фокус“, со германски национални ознаки, управувано од 28-годишен жител на Охрид излетало од коловозот, информира МВР.

По незгодата, возачот и сопатниците, едно лице (30) од с.Лешани, охридско, и две лица на возраст од 29 и 27 години од Македонски Брод, биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Кај сопатниците биле констатирани тешки телесни повреди, а кај возачот телесни повреди.

За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје, соопшти МВР.

OhridNews