На 04.07.2024 година во 12.00 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево, на планинскиот превој „Стража“, патничко возило „опел корса“, со скопски регистарски ознаки, што го управувала 38-годишен охриѓанец, удрило во пешак (22) од Скопје.
Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Гостивар, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Увид на местото на несреќата извршија полициски екипи.
OhridNews