На контролниот полициски пункт кај охридското село Подмоље, вчера, во 13 часот, сопрен е патнички автомобил „голф“, со охридски регистарски ознаки, управуван од 26-годишно лице од дебарското село Отишани кое се движело во правец кон Охрид. Во возилото како сопатници биле уште две возрасни лица и две малолетни, сите од селото Долгаш, општина Центар Жупа, како и 20-годишно лице од дебарското село Џепиште, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

  • Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, предвидено во членот 206 од Казнениот законик, а по претходна консултација со Основното јавно обвинителство Охрид, лицата се задржани и запознат е Судија за деца при Основниот суд Охрид и Центарот за социјални работи, чиј претставник се вклучи во работата со малолетните лица, информира Димоски.

Дополнително, извршено е запознавање на Центарот за јавно здравје по што, возилото со сите лица, под полициска придружба се спроведени до зоната за карантин во Дебар. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

OhridNews