Попладнево, автомобил „опел астра“ со кој се превезувале четворица полициски службеници, излетал од автопатот Гостивар – Тетово, пред наплатната рампа на влезот во Тетово.
Според првичните информации, четворицата вработени во министерството за внатрешни работи, се враќале од синдикалните игри кои викендов се одржуваа во Охрид.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека полициските службеници не биле тешко повредени и дека биле пренесени во Ургентниот центар во Скопје.
Причините поради кои возилото „опел астра“ излетало од патот , засега се непознати .
OhridNews
извор: Makfaks