Во текот на изминатиот период, граничната полиција на граничниот премин „Богородица“ евидентирала неколку случаи на оштетување возила на македонски државјанин кој летувале во Грција.

Помеѓу нив е и возилото „Цитроен Ц4“ со охридски регистарски озаки кое било оштетено во летувалиштето Калитеа. Според информациите од граничната полиција на возилото со остар предмет му биле изгребани двете страни од преднииот до задниот фар и му бил оштетен знакот „МК“ на задната страна од возилото.

Освен оштетувањето на ова возило во перидот од 28-ми август до 8-ми септември 2015 година биле евидентирани оштетувања на уште три македонски возила. Во местото Ксарти било оштетено возило марка „Шевролет“ со скопски регистарски ознаки. На ова возило со црн и црвен спреј му била обоена шофершајбната и двете регистарски таблички. Во летувалиштето Паралија било оштетено возило марка „Форд“ со кумановски регистарски ознаки. На ова возило со црн спреј му биле испрскани регистарските таблици во делот на ознаката МК како и дел од предниот и задниот браник покрај таблиците при што била прекриена ознаката „МК“. Во летувалиштето Ставрос било оштетно возило марка „Пассат“ со кочански регистарски ознаки. На ова возило на хаубата со остар предмет му било изгравирано „МК=ГР“.

Со овие четири нови случаи, билансот на оштетени возила на македонски државјани кои летувале во Грција се искачи на 10, а евидентиран е и еден случај на кражба на регистарски ознаки.

OhridNews