Сообраќајна несреќа се случи утрово на автопатот во изградба Охрид – Кичево кај Ново Село, Дебрца. Неофицијално, oд засега непознати причини возило од обезбедувањето на претседателот на Собранието Африм Гаши, излетало од коловозот.

Сообраќајната несреќа ни ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

Во незгодата повредени се три лица кои се пренесени во Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид.

На местото на настанот се врши увид, кој треба да ги утврди причините за сообраќајната несреќа во која учествувало возило од обезбедувањето на собранискиот спикер Гаши кој денеска беше најавен во работна посета на Охрид.

Г.М.