Денеска во 07.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид -Ресен, во близина на кракот кон селото Свињишта, патничко возило „фолксваген пасат”, со струшки регистарски ознаки, управувано од 57 годишно лице од струшкото село Октиси, излетало од патот.
Во несреќата, возачот и сопатникот 63 годишен од истото село се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, информираат од СВР Охрид.
Увид на местото на несреќата извршија полициски екипи.
OhridNews