На 23.11.2023 во 07.40 часот во ОВР Ресен било пријавено дека на магистралниот пат Ресен – Охрид, кај с.Лева Река, ресенско, патничко возило марка „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 32 годишна жена од с.Велмеј, излетало од патот, информираат од МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила жената која управувала со возилото, констатирани во специјална Болница „Св.Еразмо“ во Охрид, велат од МВР.
Увид извршила увидна екипа на ОВР Ресен.
OhridNews