На 12.02.2025 во 14.05 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај девијација с.Ново Село, општина Дебрца, патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 34 годишно лице од Струга, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, информираат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.
OhridNews